Декември, месец на најубавите и највкусните колачиња.
Месец кој мириса на јаболко и цимет, на анис и каранфилче, на кардамом...
Секоја година приготвувам разни видови на Божиќни колачиња па и оваа година се потрудив да направам, да се иѕрадувам себеси, а потоа и другите околу мене.
Како традиција ми стана да подарувам по некое пакетче од мојата работилницана луѓето околу мене,на оние кои ми се драги.
Еве еден пример,еден вид од многуте колачи кои ги приготвив.
Во сад го замесив јајцето со шеќерот, ванилата,кардамомот и путерот,а потоа ги додадов и брашното со прстофат пециво.
Месев да се соединат состојките. Кога добро ги замесив, ги покрив со најлонска фолија и ги ставив да отстојат во фрижидер.
Требаше 30 минути да отстои,но јас заради други обврски,тестото го изработив наредниот ден. Значи, тестото дозволува да отстои повеќе.
Кога го извадив, го расукав со сукалка на работната маса.
Првиот впечаток ми беше дека лепи,па му додадов уште 1 лажица брашно на површината.
Со модла во вид на снегулка, вадев фигури и ги редев на хартија за печење.
Печев на 150 степени додека не добијат златеста боја.
Откако се испекоа и се изладија, почнав да ги декорирам.
Го растегнав фонданот на работната маса и вадев фигури повторно со истата модла.
Ги лепев врз претходно испечените колачиња..
Оставив да се исушат, па собрав во лимена кутија.
Колачите се готови.
Среќни празници на сите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови