Слатко од портокали (на мој начин)
1. На портокалите им се ренда или се засечува горниот дел од кората, но да остане белиот.
2. Се варат во тенџере 45 минути, се менува водата, пак да зовријат и се варат уште малку, но да не се преварат, бидејќи при сечењето нема да излезат цели парченца.
3. Се ставаат да се цедат и така исцедени кога ќе изладат се сечат на 4 дела, а потоа уште на пола како кришки.
4. Еден дел од шеќерот се става во тенџере а врз него се редат дел од портокалите со кората нагоре, пак шеќер, па портокали и се дотура сиот шеќер одозгора и се остава да стои 3-4 часа.
5. Потоа се додава 200 мл. вода, се вари уште најмногу 30 мин на тивко и пред крај се става 1/2 лажиче лимонтус. Се собира ладно.
Од оваа доза излегува 1 голема тегла. Јас во теглата ставив суво грозје и малку оревчиња. Во оригиналниот рецепт нема суво грозје и ореви, и се става 1 кг. шеќер но јас иако е слатко не го сакам преблаго, а вие по ваша желба.
Можеби периодот на подготовка е поодолговлечен, но сепак е лесен за подготовка и добар за заблажување во зимскиве денови.
Пријатно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови