Слатко од киви и портокали
1. Кивите се лупат и се сечат на тркалца. Се редат во тенџерче (касерола на Делимано) и тоа ред киви, ред шеќер, па се оставаат да преноќат. Утредента се ставаат на оган да се варат, со повремено собирање на пената. Се додава сокот од лимон. Некаде по десетина минути се додаваат парченца од излупен порокал и се вари додека кивите станат прозрачно жолтеникави.
2. Касеролата се трга настрана, се прекрива со чиста навлажнета кујнска крпа и се остава да се излади. Потоа се собира во чисти тегли.
Ова е многу едноставен начин на припрема на слаткото, а вкусот е навистина неверојатен.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови