1. Се мијат смоквите .Им се сечат рачките од смоквите. Од вечер се ставаат смоквите заедно со шеќерот да стојат во длабок сад. Треба да пуштат вода.
2. Наредниот ден се ставаат во големо тенџере и се вари со протресување на садот.Не се меша слаткото. Се става сок од лимон .Се вари околу 35мин до згуснување.
3. Теглите се мијат и се ставаат во рерна да се стерилизираат. Се собира жешко слатко во врели тегли .Се затвораат теглите и се враќаат во рерна постепено да се оладат(до наредниот ден ги оставам).Или се завиткуваат во ќебе .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани