Кога и да правам слатко или џем од домати тогаш ги користам токму тие што ги гледата на дополнителната фотографија. Тие се меснати и имаат многу малку семе.

- Засечете ги доматите на крст, попарете со врела вода малку нека постојат, ќе можете со леснотија да ги излупите. Исечете на четвртини, исчистете од семето, потоа насецкајте на коцки.
- Во касерола ставете го шеќерот и лимоновиот сок да зовријат. Промешајте за да се полесно раствори шеќерот во сокот, додадете ги насецканите домати. Откако убаво ќе провријат тргнете од огнот, почекајте да олади и ставете во фрижидер да престои преку ноќ.
- Утрото извадете од фрижидерот и ставете повторно на огнот, додадете ја ванилата и нека се вари до проѕирност на доматите или временски околу 10-15 мин, зависи од огнот. Ако е на тивко може и 20 мин. Тргнете од огнот, додадете го Балзамико сосот и промешајте. Оставете нека олади и соберете.
Напомена
- Сосот балзамико се става за да се добие на густина доколку сметате дека е ретко ( но не е...) а секако дека додава и плус на вкус. Доколку немате Сос Балзамико, едноставно е, ставете Ацето Балзамико со малку шеќер и варете до згуснување. Тоа е.
Внимавајте при варењето бидејки откако ќе се олади тоа се згуснува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани