![Слатки посни пакетчиња](https://moirecepti.mk/content/uploads/2012/09/posni-paketcinja-019-5852-800x600.jpg)
28
сеп
2012
Слатки посни пакетчиња
Брз и лесен посен рецепт, се замесува тесто од состојките, значи во садот се додаваат маслото, водата, пецивото, циметот и постепено се додава брашно да се замеси убаво глатко тесто кое нема да лепи на рацете(околу 800 гр брашно). Тестото се дели на топчиња, секое топче се расукува во крукче и се става во средината мармалад. Се обликуваат пакетчињата како на сликата. Се редат во плех обложен со хартија и се печат на 200 ц да поруменат одозгоре. Уште топли се валкат во шеќер во прав помешан со ванила.
Лиценца: Сите права се задржани
A receptot mi e mnogu ubav :)))