Прво ја матиме шлаг пената со 180 милилитри млеко. Кога е матена, додаваме 200 грама кисела павлака и 200 грама малини и пак матиме со миксер. Го ставаме во здела, затвараме со капак и после неколку часа може да се ужива.
Едноставен рецепт за домашен сладолед, кој сите дома го обожаваме.