Малинаста сладоледна фантазија.....

Подготовка
1. Малините ги блендираме, па ги процедуваме од семчињата.
2. Слатката павлака ја матиме со миксер до згуснување.
3. Ја додаваме киселата павлака и промешуваме. На крајот кога ќе се соединети, го додаваме пирето од малини.
4. Нежно промешуваме за да ни биде шарен сладоледот.
5. Оставете го во замрзнувач да се стегне и излади.

Забелешка
Ако сакате сосема да ви биде розев т.е.малинаст сладоледот кога ќе го додадете пирето од малини, убаво со миксер соединете ја смесата.
Овој сладолед може да го подготвите и во апарат за сладолед.
По желба и вкус можете да додадете шеќер.