Сладолед со малини
Ова е омилениот вкус на сладолед на моите дома. Едноставен, но многу вкусен со интензивната киселкаста арома на малинките.
1. Жолчките со ванилиниот и шеќерот во прав со миксер се матат на пареа додека да се згуснат, па се ладат. Кога се работи за сладолед во кој има јајца, претпочитам жолчките да бидат варени за посигурно (освен ако си имате домашни јајца).
2. Шлаг кремот се мати со ладното млеко.
3. Слатката павлака се мати до добивање на шлаг и во неа се додаваат изладените сварени жолчки и шлаг кремот. Сето се мати со миксер.
4. Во киселата павлака се меша шеќерот во прав да се стопи, се додава во претходната смеса, се мати со миксер.
5. На крај се додаваат замрзнатите малинки, кои матејќи со миксерот ќе се иситнат и ќе му дадат убава боја на кремот. Кремот се истура во соодветен сад и се замрзнува најмалку 5-6 часа во ладилник.
Тоа е нашиот омилен вкус, а секако може да се стават јагоди, капинки, вишни, боровинки ... секој според меракот ...
Лиценца: Сите права се задржани