Подготовка:
1. Вкупната количина прокељ поделете ја на три дела. Претходно исчистете ги главичките и измиете ги.
2. За печените, прокулците пресечете ги на половина, посолете ги, полијте ги со малку маслиново масло и ставете ги во загреана рерна на 200 степени десетина минути. Кога ќе ги извадите од рерната ставете им балсамико по вкус.
3. Наредните прокулици ставете ги да се варат во посолена вода околу 5 минути. Извадете ги, пресечете ги на половина, ставете го лимоновиот сок, малку масло и исечканото младо лукче.
4. За похованите, измешајте пченкарно, обично брашно, малку сол, бибер и вода да се добие доста погуста смеса од онаа за палачинки. Прокулиците обарете ги неколку минути и кога ќе се подоладат измешајте ги во смесата и пржете ги во загреано масло на не многу силна температура, додека не заруменат.
Ова се неколку идеи за приготвување на оваа врста зеленчук, количината сами ќе си ја одредите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови