31
мај
2022
Сиров чоко пудинг од киноа и ореви (посно, веган)
За убав почеток на денот или ужинка. За големи и мали.
Подготовка
1. Изблендирајте ги бананата, урмите, оревите и млекото. Млекото додавајте го постепено, зависно од густината која ја сакате.
2. Претурете ја блендираната смеса во длабок сад. Додајте ја сварената киноа и какаото. Убаво измешајте. Одозгора нанесете јатки орев и свежо овошје по желба. Јас ставив малку малини и боровинки.
Лиценца: Сите права се задржани