Испечати

Сиров чоко пудинг од киноа и ореви (посно, веган)

Сиров чоко пудинг од киноа и ореви (посно, веган)

Состојки

  • 1 банана
  • 3 урми
  • 1 рака ореви
  • 3 полни лажици сварена киноа
  • 1 полна лажичка сирово какао
  • по потреба млеко од кокос и ориз
  • малку јатки ореви
  • малку малини и боровинки

Подготовка

За убав почеток на денот или ужинка. За големи и мали.

Подготовка

1. Изблендирајте ги бананата, урмите, оревите и млекото. Млекото додавајте го постепено, зависно од густината која ја сакате.

2. Претурете ја блендираната смеса во длабок сад. Додајте ја сварената киноа и какаото. Убаво измешајте. Одозгора нанесете јатки орев и свежо овошје по желба. Јас ставив малку малини и боровинки.