Сирники се пржени палачинки од урда. Во Русија, тие се познати и како творожники. Тие се дел од белоруската, руската и украинската кујна. Нивната едноставност и одличниот вкус ги направија многу популарни.

1. Урда(да не е солена) изблендирајте ја во блендер, додајте шекер, јајце, ванила и брашно. Се убаво промешајте. Со натопени раце направете во вид на плескавици.

2. Загрејте го малсото во тава и пржете ги палачинките од двете страни по 3-4 минути.

3. Наредете ги во чинија и прелијте со кондензирано млеко или со павлака. Јас украсив со јагоди.

Многу убави и вкусни за појадок.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани