Сирење под капак
Пред многу години на понуденото мени го имаше предложено специјалитет-Сирење под капак, од љубопитност порачав. Ми го донесоа во мало гувече со капак, лесно да видиш што има и како се прави. Од тогаш, па се до ден денешен е и во моето мени, најчесто кога и му е сезоната на патлиџанот, за топлите денови лесно за јадење...
Мерките кои се напишани се однесуваат за една порција или едно гувече, обавезно да е со капак на кој има и отвор...но сигурно знаете за што зборувам. Многу лесна припрема на сирењето кое може да се служи како салата... а за мене е оброк, сафтот во него ми е најслаткото - да си топам со лепче. Да не дожам, туку да напишам како го спремам.
1. Ѓувечето се намрснува со зејтин или маргарин, а може и путер.
2. Патлиџанот се сечи на кругови, се обложува ѓувечето на дното и странично со патлиџанот, се посолува малку. Врз него се става магданос.
3. Исечено сирењето се става врз магданосот.
4. Се крши едно јајце врз сирењето, малку се посолува, се става пак малку зејтин или што се одбрале од предложеното. Го затварате со капакот и се печи во рерна за кратко време, односно - додека се подпече јајцето.
Да ви е слатко!
Не малку пати над сирењето ставам и од сувомеснати производи доколку имам во фрижидер... и овој рецепт може да послужи како чистач на фрижидерот. Можете како зачинка да користите и рузмарин кој одлично се вклопува со патлиџанот, сирењето и јајцето.
Посебно е вкусно бидејки е во земјен сад.
Лиценца: Сите права се задржани
таман. за некој ден ќе узреат патлиџанчињата од бавча, домаЌе козјо сиренце има, јајца од вредни кокошки има и голема земјена тава. ние не се мачиме со по една доза. премногу бечка школа е тоа за селани од планина :) :) :) :)