Свински кременадли чадени на бука
1. Сите состојки за маринадата се мешаат и со нив се премачкуваат кременадлите.
2. Тавата се обложува со фолија и се става пилевина од бука, а врз тавата се става решетка за печење.
3. Врз решетката се става претходно маринираното месо.
4. Се заедно се покрива со неколку слоеви фолија и тавата се става на оган. Постапката на чадење на местото започнува по неколку минути.
5. Свинските кременадли се оставаат да се чадат 50-65 минути (во зависност од количината и дебелината на парчињата).
* Ние месото го чадиме во двор или во постудените денови на тераса бидејќи има многу чад и силен мирис.
Лиценца: Сите права се задржани
Подоле, Ви оставам и линк од мојот рецепт, а за овој само би додала дека е интересен начин на приготвување на свински кременадли и еве оди во омилени, се надевам дека ќе го приготвам и јас во скоро време :)
http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%BB-%D1%82%D0%B0%D0%B2/
ние долгометражно тераме, по три месеци димиме и сушиме :)