Испечати

Свински кременадли чадени на бука

Свински кременадли чадени на бука

Состојки

  • 1.5 кг свински кременадли
  • по потреба пилевина од бука
  • Маринада
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка морска сол
  • 1 лажичка лут буковец
  • прстофат мелен бибер

Подготовка

1. Сите состојки за маринадата се мешаат и со нив се премачкуваат кременадлите.

2. Тавата се обложува со фолија и се става пилевина од бука, а врз тавата се става решетка за печење.

3. Врз решетката се става претходно маринираното месо.

4. Се заедно се покрива со неколку слоеви фолија и тавата се става на оган. Постапката на чадење на местото започнува по неколку минути.

5. Свинските кременадли се оставаат да се чадат 50-65 минути (во зависност од количината и дебелината на парчињата).

* Ние месото го чадиме во двор или во постудените денови на тераса бидејќи има многу чад и силен мирис.