Свински кременадли од рерна
Од мене еден предлог за вкусни кременадли од рерна, кои можете да ги ставите на вашето празничното мени за ручек.
1. Кременадлите се чукаат со кујнско чеканче. Се попрскуваат убаво со масло, се посолуваат со сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, пипер буковска. Убаво се тријат од двете страни и се оставаат, најмалку 2 часа во фрижидер или преку ноќ, за да се маринира месото.
2. Главицата кромид се дроби и на малку масло, со сол, се пропржува и се остава настрана.
3. Исто и печурките сецкани, на малку масло, со сол и мелен црн пипер, се пропржуваат.
4. Компирите се сечат на тркалца, се попрскуваат со масло, се посолуваат, им се додава мешан сув зеленчук, мелен црн пипер и пипер буковска. Се мешаат во длабок сад.
5. Се редат кременадлите во тава, им се нанесува кромидот, печурките, се редат компирите. Одозгора се премачкува со кисела павлака. Се обликува тавата со хартија за печење и фолија и се става во загреана рерна на 200, еден час.
6. Потоа се отвораат, им се редат парчињата кашкавал и се враќаат во рерна додека убаво порумени кашкавалот, некаде уште околу 30 мин.
Се сервираат топли.
Среќни празници!
п.с.Не заборавете да наздравите со чаша црвено винце.
Лиценца: Сите права се задржани