Свинска плешка со сос од печурки
Кога го купив мевцево сакав некое полнето ролатче да свиткам од плешкава, ама кога дојде ред да се прави, некако големината не ми беше доволна за полнење и виткање. Така се одлучив на оваа варијанта, печено месо, па прелиено и сервирано со вкусен сос.
Подготовка
Во месото убаво втрлајте го сенфот и измешаните зачини. Ставете го во огноотпорен или друг сад со капак и залејте го со пиво и неколку лажици масло. Печете го на 180-200 степени околу 40минути, превртете го месото, па продолжете да го печете уште 40 минути. Откако ќе видите дека убаво е печено, отворете го капакот и продолжете со печење уште 10 минути колу да зацрвени и да фати тенка коричка.
За сосот
Лукчињата ситно исечкани ставете ги на масло сосема малку, колку да пуштат мирис, па додадете ги печурките исечкани на листови да се пропржат. Сланината исечкана на коцки додадете ја на крај, како и исечканите краставички. Потоа додадете брашно кое сме го разматиле во шоља (150 мл) ладна вода или пак во бело вино. Промешајте, упржете малку да се згусне сосот и додадете ги зачините.
Забелешка
Месото го печев на 180 степени, на тивко. Ја отворав повремено рерната да го преливам со пивото. Ми требаа отприлика околу 1 и ½ час да го испечам. Многу беше сочно, ни малку суво и не беше препечено.
Лиценца: Сите права се задржани