Полнета свинска плешка
Вака подготвеното месо редовно ми е на трпезата и тоа за некој празник или прослава, но не мора да значи дека во ваква количина мора да се спреми вие може да си испечете и месо од еден килограм.
Плешката ја купувате еден ден порано ја ставате во маринадата да одстои едно деноноќие во фрижидер за да ги впие сите зачини кои му даваат преубав вкус.
Наредниот ден месото го засекуваме на средина правиме џепови кои ги полниме со сецканите моркови, чаениот колбас и ренданиот кашкавал ставаме цели или половинки парчиња морков. Џепот го затвараме со готварски конец, месото го ставаме во алуминиумска фолија. Печењето за мене ја има најголемата улога за да добиете убаво сочно не жилаво месо.На почеток загрејте ја рерната на максималната температура веднаш да претрпи температурен шок и да фати убава кора за да ги задржи соковите во внатрешноста. За половина час намалете ја на 180 степени и печете околу три часа, половина час пред крај фолијата ја одстрануваме.
Оставете го месото убаво да се олади поубаво се сече послужете.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани