Свинска коленица печена во бело вино
Свинската коленица ми е едно од омилените меса. Еве како јас ја подготвувам, а ни беше дел од семејниот Божиќен ручек.
Подготовка
1. Колениците убаво ги миеме и ги оставаме во ладна вода околу еден час.
2. Потоа пак ги миеме и ги ставаме да се варат заедно со сите запишани состојки за варење на колениците (морков, бибер во зрно, сол, ловоров лист, кромид, лук). Јас ги варев во експрес лонец околу 15 минути.
3. Откако ги сварив ги ставив во тавата за печење и ги премачкав од сите страни со зачини, им ставив свинска маст и ги залеав со бело вино.
4. Ја поклопив тавата и ги ставив во загреана рерна на 180 степени околу 1 час. Потоа го отворив капакот и ги печев на 200 степени околу 10 минути за да се запечат.
Сервирајте ги со гарнир по желба и вкус.
Забелешка
Ако сакате веднаш да ви се затворат порите од месото ставете ги во многу жешка вода и варете ги, а ако сакате да добиете мрсен бујон, варете ги во ладна вода.
Овој пат подготвував и коленици и буткици =)
Лиценца: Сите права се задржани