1
мар
2012
Сарма од лозов лист
Листовите се бланшираат (само кратко да зовријат во врела вода), се цедат и се оставаат да се оладат.
Кромидот и морковот ситно се сечкаат и се пржат додека да омекнат. Се додава месото, сето се меша, се пропржува и потоа се додаваат магдонос, ориз и се зачинува со мешан зачин, црвен пипер, сол и бибер. Сето се промешува да се изедначи, се трга од оган, се додава 1 јајце и повторно се промешува. Со овој фил се филуваат листовите, се виткаат и се редат во тенџере или (земјена) тава, се полеваат со врела вода (да ги покрие сармичките околу 4-5 см над нив). Се вари 2 часа на тивко или се пече во рерна покриено со фолија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови