И така, ако не сакате да ви е луто - изоставете ја лутата феферонка и Чили зачинот.
Додатокот на зачинките прават оваа Салса навистина да биде вкусотија, останува само да изберете вие со што ли ќе топите, ..милина е, Не сум згрешила кога пишувам 2 л. домати... значи ги лупам доматите на добро познатиот начин - попарувајки ги со врела вода, ги сецкам и полнам садот кој е од 2 л. .. е тоа ми е мерката, а не премерив колку домати во килажа идат, но секако не се 2 кгр. мислам околу 3 кгр. можеби и повеќе. Салсата е најдобра кога се спрема од добро созреан домат кој е меснат, а притоа нема многу семки...
Постапка

- Лупени и сецкани доматите ставете ги во цедалка да се исцеди вишокот од сокот кој го пуштиле, ставете ги во тенџере да се варат заедно со ситно сецканиот кромид, лук, фефероката и сецканите црвени пиперки. Откако ќе зовријат, додадете го и оцетот или лимоновиот сок. Оставете на тивко да врие - околу 1 час. Кога веќе се згустило - додадете ги зачинките, шеќерот, солта... нека врие уште околу 10 мин.
Соберете топли, затворете и оставете ги свртени теглите или флашите со капачките надолу, завиткајте ги и оставете до нивно оладување.
Поиграјте си етикетирајки ги... па на полицата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани