За оние кои ги сакаат црните домати.....Една од многуте верзии на Малиџано салата. Мошне вкусна кремаста салата.

Црните домати се печат во рерна, се лупат и ставаат на ѓергев да се исцедат преку ноќ.
Компирите се варат и ги оставаме да изладат.
Лукчето со малку сол го толчиме во толчник, постепено додавајќи по малку масло.
Исцедените домати ги пасираме убаво со вилушка (или можи да се сомелат на машина за мелење месо) и ги додаваме во лукчето. Продолжуваме повторно да толчиме со додавање на малку сол.Додаваме уште малку масло.
Компирите ги рендаме на ситната страна од рендето и ги додаваме во толчникот.
Сирењето исто го рендаме на ситната страна од рендето.
Го додаваме мајонезот и киселата павлака.
Додаваме и црна пипер.
Се убаво соединуваме мешајќи со лажица.
Откако ќе одстои во фрижидер ја сервираме.
Одозгора наросуваме сусам, кој претходно е пропржен на сува тава без масло.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани