Салата со цвекло, везен пипер и морков (зимница)
Од цвеклото се острануваат само коренот и горниот дел и без да се лупи се става да се свари, но да не биде преварено. Морковот се чисти и тој се става во друг сад да се свари. Везениот пипер се потпекува и потоа се чисти од дршката и од семките и се сецка. Цвеклото одкако ќе се свари се лупи и се сецка, ни многу крупно и многу ситно, но сепак тоа е по ваша желба. Морковот се сече на кругчиња. Одкако зеленчукот ќе се подготви се меша во длабок сад заедно.
Во друг сад се мешаат шеќерот, зејтинот, оцетот и солта и сето тоа се става во зеленчукот, се додава исецканиот магдонос и исецканиот лук. Се меша додека малку се растопи шеќерот. Се остава да одстои 24 часа и два - три пати се промешува во текот на тие саати.
Потоа се собира во тегли и теглите се ставаат во тавче во кое има малку вода и се ставаат теглите во шпорет вклучен на 100 степени околу 20 мин, потоа на 150 степени уште 20 мин, и на 200 степени уште 20 мин., потоа се искучува шпоретот и теглите си стојат додека да се олади рерната.
Јас на овој начин ги вакумирам теглите за не им ставам конзерванси.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови