Уште една идеја како да ги искористите тиквичките и да си ја направите оваа свежа, витаминска салата.
1. Потребни ви се млади, кревки тиквички со помалку семки. Доволно е да ги измиете, бидејќи кората им е тенка не мора да ги лупите. Со кујнска алатка исечете ги на тенки ленти или на кругови.
2. Руколата исецкајте ја на парчиња и додадете ја кај тиквичките. Оставете неколки цели гранчиња за украс.
3. Пиперката исецкајте ја на коцки и измешајте ја со маслиново масло и лимон во количина колку што вообичаено си зачинувате салата. Додадете сол и бибер. Оставете да одстои 10 мин. и прелијте ги тиквичките и руколата. Измешајте убаво. Пробајте за вкус и доколу е потребно додадете сол и бибер.
4. Сега додадете ги топчињата моцарела, преостанатите гранчиња рукола и нарендајте пармезан.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови