Превкусна е салатава,толку богата што може да замени и оброк.Ние дома многу ја сакаме и многу често ја правам баш на овој начин.Понекогаш место кикирики ставам запечени солени ореви или лешници.

Пилешкиот стек го вариме,и сварен го цедиме од водата и ситно го сецкаме.
Потоа ги додаваме сите останати состојки и убаво мешаме.
Ја ставаме салатата во фрижидер убаво да се олади.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови