Многу често ја правам оваа ладна салата со печен зеленчук и киноа. Во поголема количина со парче сирење ми е цел оброк.

Подготовка:

1. Зеленчукот го печам во Air Fryer со сол и мешан, сув зачин. За оваа салата го оставам да се излади. 2. Марулата и ротквицата ги сецкаме. Во длабок сад ги ставаме марулата, ротквицата и печениот зеленук. Ја додаваме изладената варената киноа. Посолуваме и ставаме малку маслиново масло.
3. Во длабок сад ги ставаме сенфот, медот и балсамикото. Промешуваме. Сосот го ставаме врз салатата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани