Салата со блага урда и печени пиперки
Брза едноставна салата, за подготовка ни треба само блага не солена урда и многу малку состојки, а добиваме супер брза салата. Редовно ја спремам во овој период од годината заменува и комплет ручек.
Подготовка
Чешнињата лук ги чистиме и толчиме со толчник во земјен сад. Сусамот го пропржуваме во тава се додека не добие златна боја. Пиперките ги печеме и лупиме и нив ги толчиме заедно со лукот. Во земјаната тава ја додаваме не солената блага урда, пропржениот сусам,буковецот и посолуваме по желба.Целата салата добро ја промешуваме,по желба може една од пиперките да биде и лута тогаш ви е потребно тазе месено лепче и заборавете на вагата.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани