Салатата ја пробав одамна кај моја пријателка. Многу долго се мислев дали да ја прикажам овде на странава, ми се виде едноставна. Но, ајде можеби некој херој кој сака да помешува и да си игра со вкусови, ќе ми се придружи.

Подготовка:

1. Исецкајте го бејби спанаќот како за салата. Додајте ги боровинките.
2. Сирењето исецкајте го на коцкички. Се нека биде со соодветна големина сецкано. Помешајте благо.
Зачинете со маслиново масло.
3. Како за дополнување на вкусот користев мешавина од готов сос (кајсија и сенф) Одличен, малку поинаков вкус кој заслужува да биде вкусен.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови