30
апр
2020
Салата од печено месо
Многу често пати ми се случува да подготвам малку повеќе храна од потребното, да има де....
Но секогаш наоѓам начин како да го употребам остатокот од вчерашниот ручек.
Со додавање на малку состојки добив вкусна вечера...салата и топли кифлички, за мерак.
Јас имав остаток на бело месо и копанче, од печено пиле и една телешка динстана шницла.
Ги ставив во нутрибулет и ситно ги исецкав.
Во еден сад ги соединив месото, ајварот, свежата краставица, жолтото сирење.
Минимално зачин бидејќи во погдотовката месото беше зачинето.
Соединив убаво со кисела павлака.
Сервирав и декорирав со млад кромид.
Лиценца: Сите права се задржани