Салата од печено месо
Состојки
- 250гр остаток од печено месо
- 1 свежа краставица
- 1 лажица лут ајвар
- 1 кисела павлака
- 30гр жолто сирење
- 1/2 лажиче свежо мелен бибер
- мноогу малку сол
Подготовка
Многу често пати ми се случува да подготвам малку повеќе храна од потребното, да има де....
Но секогаш наоѓам начин како да го употребам остатокот од вчерашниот ручек.
Со додавање на малку состојки добив вкусна вечера...салата и топли кифлички, за мерак.
Јас имав остаток на бело месо и копанче, од печено пиле и една телешка динстана шницла.
Ги ставив во нутрибулет и ситно ги исецкав.
Во еден сад ги соединив месото, ајварот, свежата краставица, жолтото сирење.
Минимално зачин бидејќи во погдотовката месото беше зачинето.
Соединив убаво со кисела павлака.
Сервирав и декорирав со млад кромид.