1. Модриот патлиџан убаво се мие и се сече на кругови со средна дебелина.

2. Карфиолот исто така се мие и се сече на помали парчиња.

3. Тавата за печење се обложува со хартија и на неа се распоредуваат парчињата зеленчук.

4. Врз зеленчукот се полева маслиново масло, морска сол и мелен бибер.

5. Се пече 20-25 минути на 200 степени.

* По желба пред сервирање може да се прелие со оцет балсамико.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани