13
апр
2014
Салата од ориз
Брза освежителна салата, која не веруваме дека некој ќе ја одбие.
Додека ги сецкаме останатите состојки на коцки, јајцата ги ставаме да се варат.
Откако ќе изладат ги рендаме на јадрата страна на рендето.
Префрламе во стаклен сад.
Како што спомнав претходно краставицата ја сечеме на коцки.
Постапката ја повторуваме и со шунката.
Оризот го вариме во посолена вода и го цедиме кога е готов.
Го префрламе и него во садот со останатите состојки.
Посолуваме и наросуваме црн бибер.
Додаваме павлака и мајонез и промешуваме.
Декорираме со резанки од морковче.
На здравје нека ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови