
5
јан
2018
Салата од морски ракови
Ракчињата одмрзнете ги и оставете ги убаво да се исцедат.
Лукот исечкајте го на кругчиња. Лимонот измијте го, исушете го и него исечкајте го на кругчиња.
Во тава за пржење ставете го маслиновото масло да се загрее.
Ставете ги ракчињата да се пржат. Околку 8-10 минути од како ќе испари водата што ќе ја пуштат.
По од прилика 4 минути пржење, додете го лукот и лимоноти пржете со повремено кратко промешување.
При крајот додадете го магдоносот, насолете, побиберете, промешајте и послужете додека е топло.
Одлично е како топло предјадење, но и како ладна салата.
Напомена
Лукот не го пржете долго, затоа што ќе загори и ќе горчи. Проценете дали ќе го додадете на средина или на крајот.