Ракчињата одмрзнете ги и оставете убаво да се исцедат.
Лукот исечкајте го на кругчиња. Лимонот измијте го, исушете го и него исто исечете го на тенки кругови.
Во тава за пржење ставете го маслиновото масло да се загрее. Ставете ги ракчињата да се пржат вкупно околу 8-10 минути откако ќе испари водата што ќе ја пуштат.
После отприлика 4 минути пржење додадете го лимонот и лукот и пржете со повремено кратко промешување. При крајот додадете го магдоносот, насолете и набиберете на вкус, промешајте, и послужете веднаш додека е топло.
Одлично е како топло предјадење но и ладно како салата.

Напомена
Лукот не го пржете долго затоа што ќе изгори и салатата ќе горчи. Најдобро е да процените сами дали ќе го додадете на половина од пржењето или при крајот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани