*Мерките се произволни. Слободно можите са си варирате со количината на сите спрема вашиот вкус и потреби.
Потребно е прво гравот да се свари. Потоа во длабок сад ги тураме само зрната без вода, ја истураме и туната со се маслото и празот ситно исечкан. Зачинуваме со сол, бибер и ориѓаното и промешуваме.
Напомена-Доколку имате поголемо количество грав и не е доволно маслото од конзервата, па салатата ви е сува, додадете и малку маслиново масло.
Доколку сакате и сос (ние не сакавме, па на слика нема), издробете варена жолчка 1-2 и измешајте ја со неколку лажички мајонез и малку маслиново масло (секако ако немате тавко не смета сончогледово) и прелијте одозгора на салатата.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови