Кога имам селски јајца, оваа салата ми е најслата за јадење. Па и уште кога ќе излезе и младото кромитче, мераци. Може да се комбинира и со стар кромид, но со млад е повкусно. Може да ви замени или доручек или ручек.

Подготовката е едноставна.

1. Сварете ги, оладете ги и исечкајте ги јајцата. Додадете кромид, па ставете оцет, масло, сол и црн бибер.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови