Салата Chalo
Многу вкусна салата-оброк која го доби името Chalo бидејќи со сопругот буквално ги искористивме сите видови зеленчук кои ги имавме дома и на сето тоа додадовме уште по некоја состојка за да добиеме комплетен оброк.
1. Телешкото месо и пилешкиот стек се варат а отакако ќе бидат готови се сечат на помали парчиња и се тргаат настрана.
2. Марулата, спанаќот и руколата се мијат и се сецкаат во длабок сад.
3. Во тава со загреано масло се пропржуваат кратко парчињата месо, а потоа се додаваат и морковите исечени на тенки кругови, сувите пиперки и соја сосот. Сите состојки се промешуваат заедно за убаво да го впијат соја сосот а потоа се заедно се става во садот со зеленчук.
4. Дајконот се сече на кругови а цвеклото на помали парчиња и се ставаат во садот со останатите состојки.
5. На крај се додаваат индиските ореви и целата салата се полева со преливот.
* Преливот совршено ги надополни и ги потенцираше вкусовите на салатата па поради тоа ние не употребивме дополнителни зачини.
Лиценца: Сите права се задржани