Подготовка.
Брашното просејте го направете дупка на средина во која ќе ги ставите жолчките,солта,салото,ренданата кора од лимун и по краевите солта.
Замесуваме потврдо тесто кое ќе ни се одлепува од пластичниот сад за месење.
Тестото оставете го да одстои дваесетина минути.
Развлечете кора што може потенко премачкајте ја со сало и преклопете како за лиснато тесто.Вака скоцканото тесто оставете го да одстои половина час.
Истата постапка повторете ја уште два пати.Последниот пат развлечете кора со дебелина околу пола сантиметар,сечете квадрати и на секој по една лажичка мармалад.
Формирајте колачиња по желба...печете на 200степени околу 20 минути убаво да заруменат.Провалкајте ги во шеќер во прав и уживејте додека се топли и додека се топат во уста.Убавина од колачиња лиснати,крцкави ова се едни од ретро старински колачиња кои се ставаат во списокот на заборавени колачиња.
Забелешка
Колачињава се подготвуваат од домашно свинско сало кој нема да знае како се доаѓа до оваа убавина еве ви линк нашата Лудо ни одржала убав час за традиционално свинско сало далеку поздраво од сите маргарини кои ни се нудат во продажба.Оваа година си подготвив и јас убаво спакувано и ставено во замрзнувач.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани