Подготовка на сало за употреба
Кога во рецептите на мајка ми ќе видев дека пишува
- Салото се меле на машина за мелење месо - мислев дека станува збор за сланина, ама ете, грешка сум била.
Сепак сало и сланина не се исто, слични се. Секој ден учам по нешто ново.
Сланината е делот под кожата, а салото е делот окулу внатрешните органи.
За да може да се употребува салото потребно е прво да се оддели од ципата. Тоа оди лесно и брзо, само треба да се прави внимателно за да не остануваат парчиња од обвивката на салото. Парчињата што ќе останат, ќе прават проблем при мелењето, ќе се намотуваат окулу ножот и ќе треба да се демонтира цела машина за да се исчисти.
Од како ќе се оддели од обвивката, салото се меле на машина за мелење месо. Доволно е еднаш да се помине. Меко е и лесно се обработува.
Се пакува во помали количини и се чува во замрзнувач.
Се користи исто како маст, за пржење, премачкување и сл.
Ние го користиме за подготовка на превкусни стари традиционални колачиња наречени САЛЧИЦИ. Рецептот за Салчиците е објавен ТУКА.
Лиценца: Сите права се задржани