Користена е чаша од 250 мл

Вкусни и ароматични, попладневни колачиња е мојот денешен предлог.
Количините се за еден голем плех.
При печењето минимално ќе нараснат, и се меки, кревки...

Во еден сад ги соединуваме тиквата, јајцето и шеќерот или медот.
Во Нутрибулет го сецкаме чоколадото и по желба и сувото грозје.
Ги додаваме на претходната смеса.
сега додаваме брашно,овесни снегулки, ароматични зачини, пециво, сода...
Сето убаво го соединуваме.
Земаме од смесата со мало лажиче и редиме на ненамастен плех, со мало растојание меѓу нив.
Со рака по желба малку ги формираме ако не сакаме рустичен изглед.
Ги печиме во загреана релна на 180 С, околу 15 минути.
Оставаме да се изладат, па сервираме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани