На почеток започнуваме со подготовка на тестото најдобро е од вечер или 4 до 6 сата во фрижидер пред полнење.
Во просеаното брашно додадете ја солта, квасецот и промешајте, направите дупка и во нејзе скршете ги јајцата и растопениот путер. Доколку користите солен путер тогаш ставете само едно лажиче сол, замесете со млако вода. Садот премачкајте го со масло пред да го ставите тестото во фрижидер.
Подготовка на филот.
Во тенџере го ставаме стекот, морковите и кромидот на тивко да се динстаат половина час. Стекот ситно го сецкаме заедно со морковите додека кромидот го пасираме. Дименото пилешко месо кратко го пропржуваме заедно со печурките веднаш ги додаваме пилешкото месо и морковите и се заедно пржиме.

Тестото го развлекуваме во поголема кора се зависи во што ќе ја печете погачата јас ја печев во малата ростер тава. Мора да внимавате кревите треба да паѓаат надвор од тавчето. Ја сипуваме смесата со пилешко која предходно сме ја зачиниле со магданос, мешан зачин и оригано. Јајцата и павлаката ги мешаме со вилушка и смесата ја сипуваме врз месото. Варените јајца сечени на кришки ги редиме врз погачата меѓу нив ги ставаме сецканиот кашкавал. Краевите на тестото ги затвараме и со мал дел од тесто правиме ленти со кои ја украсуваме погачата.
Погачата премачкајте ја со јајце и малку млеко, печете на 200степени околу 45 мин.
Забелешка.
Кога ќе се формира погачата може да се затвори целосно со тесто. Морам да напоменам дека најубава е кога целосно ќе биде оладена тогаш се вадат и убави декоративни парчиња. Погачава е дел од нашате велигденска трпеза...
Христос воскресна!!!
Среќен празник.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани