Сланината, колбасите и саламата исечете ги на коцки и ставете да се варат.
Морковот и кромидот ситно исечете ги и ставете ги во тенџерето.
Киселите краставички ситно исечете ги и исто ставете ги во тенџерето.
Оставете се нека се вари.
Во тавчето ставете зејтин и ситно сечкан кромид да се пржи. Патлидџаните ситно изрендајте ги или можете да додадете доматен сос,  истурете во тавче, попржете малку и додадете црвен пипер. Оваа потпршка истурете ја во тенџерето.
Посолете, додајте сув зеленчук и нека се повари се заедно уште 5 минути. На крај додадете магдонос.
Сервирајте во чинија, во секоја чинија ставете 1 лажица кисела павлака, 1 кругче лимон и 1 маслинка.
Добар апетит, се надевам дека ќе ви се допадне!
Ова супа е еден од специалитети во русија!
Пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани