Руска салата
Во голем сад ставете ги сите претходно сварени и сечкани состојки. Ставете го мајонезот, сенфот и зачинете со бибер и сол. Измешајте и оставете ја руската салата во фрижидер да отстои еден час.
Можеби некогаш ви се случило откако ќе ја направите руската салата, таа да има непријатен мирис и вкус кога ќе ја пробате веднаш или наредниот ден, ако отстои еден ден во фрижидер. Тој непријатен вкус кој што го имате во устата е заради неквалитетниот мајонез кој сте го ставиле.
Мене ова ми се случило повеќе пати и сум ги пробала сите мајонези до сега. Најдобар е Хелманс оригинал - ПРОВЕРЕНО! (ова не е никаква реклама) кој во последниве месеци е нов во маркетите. Препознатлив е по изразената жолта боја. Колку е мајонезот поквалитетен, толку и јадењето ќе биде подобро.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови