Испечати

Руска салата

Руска салата

Состојки

  • 500гр. компири, сварени, исечкани на коцкички
  • 250гр. шунка, исечкана на коцкички шунка, исечкана на коцкички
  • 250гр. кашкавал, исечкан на коцкички
  • 4 големи моркови, сварени и исечкани на коцкички
  • 10 корнишони, исечкани на коцкички
  • 300 гр. грашок
  • 1 тегла мајонез
  • 1 лажица сенф

Подготовка

Во голем сад ставете ги сите претходно сварени и сечкани состојки. Ставете го мајонезот, сенфот и зачинете со бибер и сол. Измешајте и оставете ја руската салата во фрижидер да отстои еден час.
Можеби некогаш ви се случило откако ќе ја направите руската салата, таа да има непријатен мирис и вкус кога ќе ја пробате веднаш или наредниот ден, ако отстои еден ден во фрижидер. Тој непријатен вкус кој што го имате во устата е заради неквалитетниот мајонез кој сте го ставиле.
Мене ова ми се случило повеќе пати и сум ги пробала сите мајонези до сега. Најдобар е Хелманс оригинал  - ПРОВЕРЕНО! (ова не е никаква реклама) кој во последниве месеци е нов во маркетите. Препознатлив е по изразената жолта боја. Колку е мајонезот поквалитетен, толку и јадењето ќе биде подобро.