Руска касерола
Месото исечете го на тенки парчиња. На парчињата леб отстранете ги краевите и исецкајте го на ленти. Морковот и целерот исто така исечете ги на ленти, а кромидот исецкајте го поситно.
Дното на касеролата обложете го со ленти чадена сланина така што лентите малку ќе се преклопуваат. Парчињата телешко извалкајте ги во брашното и испржете ги во загреаниот путер.
Пржените парчиња месо ставете ги во касеролата. Потоа одозгора нанесете го зеленчукот и лебот.
Ставете сол и бибер по вкус, и додадете ги листовите ловор. Потоа додадете го говедскиот бујон во садот и ставете го да се пече во рерна со капак на 200 степени околу 2 часа.
20-30 мин пред да го извадите месото од рерна додадете го кремот за готвење и вратете го во рерна без капакот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови