Испечати

Руска касерола

Руска касерола

Состојки

  • 600-800гр телешка удина
  • 3-4 тенки парчиња ржан леб
  • ½ корен од целер
  • 2 моркови
  • 3 главици кромид
  • 150гр ленти чадена сланина
  • 50гр брашно
  • 50гр путер
  • Сол и бибер по вкус
  • 2-3 листови ловор
  • 500мл говедски бујон
  • 100мл крем за готвење

Подготовка

Месото исечете го на тенки парчиња. На парчињата леб отстранете ги краевите и исецкајте го на ленти. Морковот и целерот исто така исечете ги на ленти, а кромидот исецкајте го поситно.

Дното на касеролата обложете го со ленти чадена сланина така што лентите малку ќе се преклопуваат. Парчињата телешко извалкајте ги во брашното и испржете ги во загреаниот путер.

Пржените парчиња месо ставете ги во касеролата. Потоа одозгора нанесете го зеленчукот и лебот.

Ставете сол и бибер по вкус, и додадете ги листовите ловор. Потоа додадете го говедскиот бујон во садот и ставете го да се пече во рерна со капак на 200 степени околу 2 часа.

20-30 мин пред да го извадите месото од рерна додадете го кремот за готвење и вратете го во рерна без капакот.