30
сеп
2020
Ромеско сос
Ромеско сосот може да се служи како додаток на секаков вид месо, риба, како намаз или салата. Како и да се служи, задоволството секогаш е загарантирано.
Прво пиперките треба да се испечат. Јас ги печев на хартија за печење во рерна. Откако ќе оладат се лупат и се чистат од семките. Парчињата леб се запржуваат од двете страни на маслинов зејтин. Додека се пржат, се додаваат и чешнињата лук.
Во блендер или сецко на Делимано се ставаат пиперките, запржените лепчиња, лукот, лешниците, солта, буковецот, маслиновиот зејтин и јаболковиот оцет. Блендираме до посакуваната густина.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови