Ролнички со мелено месо
Ролат кој го спремив за подарок на мојата ќерка.
Измешав неколку видови на ролати со мелено месо.
Еве го едниот рецепт.
Исецкајте го кромидот на ситно.
Додајте во меленото месо.
Скршете го и јајцето, а потоа додадете ги сите состојки, зачинувајќи.Измесете убаво смесата да се спои.
Замесете тесто од киселата павлака,брашното и пецивото.
Растегнете кора со дебелина од пола прсте.
Расплеснете ја смесата-филот од меленото месо.
Исукајте убаво да се распостеле насекаде.
Полека завиткајте ролат со виткање на кај внатрешноста.
Сечете парчиња од ролатот и редете ги на хартија за печење.
Рерната уклучете ја нека е загреана.
Печете додека не поруменат и додека не се испече филот.
Нека ви е на здравје.
Среќни празници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови