Ролнички од јајца
1. Јајцата се матат со маталка. Се додаваат сол и оригано, се меша се заедно и се тргаат настрана.
2. Печурките се пропржуваат во маслиново масло заедно со прстофат сол и 1/2 лажичка буковец и се тргаат настрана.
3. Неколку листови спанаќ се тргаат настрана, а остатокот се пропржува кратко додека не омекне.
4. Во чинија се ставаат 3-4 парчиња од чадената шунка (едно до друго и по малку едното парче да биде над другото), врз шунката се ставаат 2 листови свеж спанаќ, а врз нив се става од омекнатиот спанаќ, пржените печурки и рендан кашкавал па се витка една голема ролна. Од овие состојки треба да се добијат 4 големи ролни.
5. Се зема не леплива тава и се премачкува со маслиново масло. Откако ќе се загрее се става тенок слој од матените јајца и откако убаво ќе се испржат (како палачинка) на средината се става една од претходно подготвените ролни. Со едниот крај од палачинката од јајца се прекрива ролната и се повлекува до крајот на тавата. Во празниот простор од тавата (кој се ослободи со повлекувањето на јајцата) се дотура од матените јајца. Кога и тој дел ќе се испржи убаво целата ролна се превиткува со јајцата и се притиска со лажица за убаво да се стегне.
6. Ролничките се оставаат неколку минути, а потоа се сечат на парчиња со големина која вас ви одговара.
Лиценца: Сите права се задржани
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82-%D0%BE%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0